Еј Би Си: Хусеин во 1996 два пати се сретнал со Бин Ладен

Ирачкиот претседател Садам Хусеин во 1996 година два пати се состанал со Осама Бин Ладен и финансиски го помагал, изјави за американската телевизија Еј Би Си, Парисула Лампсос, жена која тврди дека му била долго-годишна љубовница на Хусеин. Според неа, по Заливската војна, Багдад ноќе го префрлал хемиското оружје од една на друга локација и на тој начин го сокрил од меѓународните инспектори.