ОН: Изјава на комесарот за човекови права Робинсон

Комесарот на Обединтетите нации за човекови права Мери Робинсон ги обвини владите во светот дека зад борбата против тероризмот ги кријат намерите за уништување на слободата на граѓаните. Во последното интервју, пред напуштањето на функцијата, Робертсон изрази надеж дека земјите во светот повторно ќе почнат да се занимаваат со прашањето за човековите права, кое како што рече, изчезнало од нивните агенди по 11 септември. На светот му е потребно лидерство во областа на човековите права, а Соединетите Држави би можеле тоа да го обезбедат. За жал тие сега тоа не го прават, оцени Робертсон.