Спречувањето на Хусеин обврска за следните генерации

Претседателот на Соединетите држави Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер по разговорите во Кемп Дејвид изјавија дека ќе побараат широка меѓународна поддршка за да се справат со заканата која доаѓа од ирачкиот претседател Садам Хусеин и неговото оружје за масовно уништување. Американскиот претседател Џорџ Буш пред средбата повтори дека е обврска да се спречи Садам Хусеин во интерес на следните генерации.

„Овој човек е човек кој рече дека ќе се ослободи од оружјето за масовно уништување. Тој за 11 години не го исполни своето ветување.“

Двајцата лидери Буш и Блер ја нагласија реалноста на ирачкаат закана. Доказите се наоѓаат во извештајот на меѓународната агенција за атомска енергија. Инспекторите на агенцијата оценија дека на Ирак му е потребно 6 месеци за да произведе нуклеарно оружје. Британскиот премиер Тони Блер по средбата со Буш изјави.

„Ова е предизвик не само за Америка и Британија туку и за целата меѓународна заедница. Заканата од оружјето за масовно уништување што го поседува режимот на Садам Хусеин е многу реална.“

Блер додаде дека насокоро ке бидат соопштенио доплонителни докази за заканите што доаѓаат од ирачкиот режим. Германскиот канцелар Герхард Шредер и францускиот претседател Жак Ширак се спротивставија на унилатерална акција на Соединетите држави. За Шредер приоритет е враќање на инспекторите за оружје во Ирак, додека Ширак смета дека за ова прашање треба да се дискутира во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Ирачкиот министер за информации Мохамед Ал Схаф за време на постета на Јордан изјави дека вистинскиот мотив на Вашингтон е да преземе контрола врз ирачката нафта.