Германија: Уапсени две лица под сомневање за подготовка на терористички напади

Под сомневање дека планирале да постават бомби во американски објекти, германската полиција ги уапси еден Турчин и неговата свршеница од американско потекло. Во претресот на нивниот стан се пронајдени 5 бомби, 130 килограми хемикалии за правење експлозив и слика на Осама бин Ладен.