Вашингтон: Конференција за начините за намалување на анти-американското расположение

Американскиот Стејт Департмент организира дводневна конференција посветена на начините за намалување на анти-американското расположение во светот, особено во арапските земји. На конференцијата која се одвива зад затворени врати се поканети 20-тина водечки експерти како и голем број владини службеници.