Тбилиси: Руска делегација пристигна во Грузија

Делегација на руското министерство за одбрана пристигна во Грузија каде ќе се приклучи на истрагата на грузиските сили за безбедност посветена на минатомесечниот инцидент на границата со Чеченија. Грузија имено тврди дека, во потрага по чеченските бунтовници, руски воени авиони го бомбардирале грузискиот регион Панкиси при што едно лице загинало.