Иран: Мохамед Катами бара намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

Иранскиот претседател Мохамед Катами ги повика Индија и Пакистан да ги намалат тензиите поради спород околу Кашмир. Катами оценил дека лошите односи меѓу Индија и Пакистан влијаат не само на состојбата во двете земји туку и на целиот регион.