Израел: Врховниот суд ја потврди пресудата за протерување

Израелскиот врховен суд ја потврди пресудата за протерување на роднините на Палестинците осомничени за терористички напади. Со тоа се потврди неодамна донесената одлука на властите во Израел за санкции против семејствата на палестинските милитанти – што предизвика бран критики особено од страна на групите за заштита на човековите права. Тие тврдат дека со вакви протерувања Израел ги крши меѓународните закони.