Приштина: Меѓународната заедница има помалку време за Косово

Времето што меѓународната заедница е подготвена да го потроши на присуството на Косово е драматично намалено – изјави денеска во приштина цивилниот администратор Михаел Штајнер додавајќи дека, мора да се забрза враќањето на бегалците-Срби на Косово.
Како причина за промената на ставот на Меѓународнат заедница Штајнер го наведе терористичкиот напад на 11-ти септември во Њујорк што го сврте вниманието кон Авганистан и Ирак. Веќе нема подготвеност меѓународната заедница да биде на Косово во следниве 10 или 12 години, рече Штајнер.