Прага: Бројот на Роми од Чешка што бараат азил во ЕУ седум пати зголемен

Бројот на Ромите од Чешка што поради дискриминација бараат азил во земјите на Европската Унија е зголемен за седум пати. Ова го соопшти чешкото министерство за надворешни работи. Најмногу барања за азил се поднесени во Велика Британија, поради што Лондон се заканува дека ќе воведе визен режим за Чешката Република.