Вашингтон: Осудени нападите на КФОР и група Срби

Американскиот Стејт Департмен ги осуди нападите на припадниците на КФОР и група Срби во близина на косовското село Гораждевац. Портпарол на Стејт Департментот Бренда Гринберг изјави дека иако истрагата за инцидентот сеуште е во тек нападот е неприфатлив и нема да биде толериран. Имено сеуште непознати лица во четвртокот отвориле оган на група Срби што во придружба на мировниците тргнале по дрва. Во нападот полесно е повреден еден припадник на КФОР. Полицијата на УНМИК уапси еден косовски Албанец, а по другите напаѓачи сеуште се трага.