Данска: Министерски совет на ЕУ

Ситуацијата на Блискиот Исток и американското спротивставување на меѓународниот кривичен суд – се на врвот на агендата на денешното продолжение на министерскиот совет на Европската Унија што се одржува во Данска. Шефовите на дипломатиите на земјите членки вчера разговараа за календарот за проширување на Европската Унија.
Беше соопштено дека за Бугарија и Романија вратата на Унијата останува отворена, иако не се во групата земји што во 2004-тата ќе станат полноправни членки.