Марив: САД ќе го нападне Ирак најдоцна до 30-ти ноември

Вашингтон ќе преземе воена акција против Ирак најдоцна до 30 ноември, пишува израелскиот весник Марив повикувајќи се на двајца анонимни високи американски офицери. Според истиот извор акцијата против Багдад ќе трае онолку долго колку што е потребно да се ликвидира ирачкиот претседател Садам Хусеин.