Албанија: Властите запалија три шверцерски брода

Властите во Албанија симболично запалија три шверцерски брода запленети во обемната операција за сузбивање на илегалната трговија што се спроведува во земјата. Албанскиот премиер Фатос Нано, кој беше присутен на настанот, изјави дека со тој чин се симболизира крајот на државното толерирање на сите видови криминал.