Вашингтон: САД ќе се здобијат со поддршка за воена акција во Ирак

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд изјави во Вашингтон дека Соединетите Американски Држави ќе се здобијат со меѓународна поддршка доколку решат да преземат воена акција против Ирак. Рамсвелд меѓутоа додаде дека американскиот претседател Џорџ Буш одлуката за еветуална инвазија ќе ја донесе согласно американските интереси и оти за таквата акција не е неопходна едногласна меѓународна поддршка.