Исламабад: Пакистан и Авганистан ќе соработуваат во борбата против тероризмот

Пакистан и Авганистан заеднички ќе соработуваат во борбата против тероризмот, изјавија министрите за внатрешни работи на двете земји вп средбата во Исламабад. Според медиумите заедничката акција ќе биде насочена кон откривање и уништување на терористичката мрежа на Ал-Каеда.