САД: Авионите на коалицијата во Ирак дејствувале во самоодбрана

Американската централна команда соопшти дека коалиционите авиони во зоната забранета за летови над Ирак дејствувале во самоодбрана и оти никогаш не нападнале цивилни цели. Ирачките медиуми јавија дека во вчерашните воздушни напади во јужен Ирак, загинале осумина ирачки цивили, а неколкумина биле повредени.