Јоханезбург: Самит за заштита на планетата Земја

Во Јоханезбург, под покровителство на Обединетите Нации се одржува Светскиот самит за заштита на планетата Земја. Во наредните десетина дена над сто лидери на држави и околу 40 илјади учесници ќе се обидат да постигнат договор за намалување на сиромаштијата во земјите во развој и за економски просперитет со истовремена заштита на животната средина.