Авганистан: Интервенција на американски борбени авиони

Американски борбени авиони интервенирале во источен Авганистан откако едно набљудувачко место на специјалните сили било нападнато во провинцијата Кунар. Во нападот нема повредени, изјави претставник на американските мировници во Авганистан. Идентитетот на напаѓачите не е соопштен.