Грузија: Четири воени авиони вршеле напади во Панкиси

Грузиското министерство за одбрана соопшти дека изутрината четири воени авиони, за кои се верува дека се руски, нападнале три позиции во клисурата Панкиси во Грузија. Според министерството, авионите влегле во грузискиот воздушен простор и четирисетина минути вршеле напади во Панкиси каде што, според Москва, се наоѓаат заднински бази на чеченските бунтовници. Руското министерство за одбрана демантира дека руски авиони денеска влегле во грузискиот воздушен простор.