Брисел: ЕУ ги отфрла обвинувањата на Ѓукановиќ

Европската Унија ги отфрли обвинувањата на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, дека се меша во договорот околу уставното уредување на односите меѓу Србија и Црна Гора. Портпаролот на Солана, Кристина Галах изјави дека Брисел единствено инсистира Уставната Повелба да биде усогласена и усвоена до крајот на месецов.