Газа: Средба за заземање единствена палестинска стратегија

Лидерите на клучните палестински движења, меѓу кои и милитантните групи каква што е Хамас денеска во Газа разговараат за заземање единствена стратегија кон Израел. На состанокот учествува и шефот на службата за безбедност на палестинската автономна власт која бара од палестинските милитанти да прекинат со бомбашките напади во Израел.