Косово: Уапсени петмина Алжирци

На Косово се уапсени петмина Алжирци затоа што фотографирале воени објекти во покраината, пренесуваат агенциите повикувајќи се на анонимен западен дипломат на Косово. Според истиот извор во тек е истрагата која треба да утврди дали уапсените се поврзани со екстремистичките исламистички организации вмешани во терористички активности. Апсењето кое е извршено пред две недели го потврди и КФОР.