Берлин: Ослободени заложниците од ирачката амбасада

Полицијата во Берлин ги ослободи заложниците што во Ирачката амбасада ги држеше Демократската ирачка опозициона група, меѓу кои и амбасадорот на оваа земја во Германија. Во акцијата не било употребено оружје и немало отпор од оваа група која соопштила дека привремено ја зазела амбасадата како прв чекор кон ослободување на Ирак од Садам Хусеин.