Москва: Иванов отпатува за Грозни

Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов и државниот обвинител Владимир Јустинов отпатуваа за Грозни за да ја следат истрагата за вчерашното уривање на хеликоптерот Ми-26. Агенцијата Итар-тас јави дека во несреќата загинале 105 лица. Руските власти ги демантираа тврдењата на чеченските бунтовници дека тие го урнале воениот хеликоптер.