Авганистан: Акција на американските сили

Американските сили во источен Авганистан започнаа обемна операција за пронаоѓање преостанати Талибанци и членови на Ал-Каеда.Според агенциите американските војници вршат претрес од куќа до куќа. Во меѓувреме претседателот на Пакистан Первез Мушараф не ја исклучи можноста дека Осама Бин Ладен и духовниот лидер на Талибанците Мухамед Омар би можеле да се кријат во пограничната област меѓу Пакистан и Авганистан. Истовремено тој оцени дека терористичката Ал-Каеда би можела повторно да се организира во Авганистан поради слабоста на владата во Кабул.