Чеченија: 99 загинати при уривање на руски воен хеликоптер

Во уривањето на рускиот транспортен хеликоптер во Чеченија загинаа 99 лица, а 39 се повредени – објавија денеска властите во Москва. Тие ги демантираа тврдењата на чеченските бунтовници дека тие вчера со ракета го урнале хеликоптерот. Истрагата за причините за несреќата е во тек.