Европа: Дунав во Будимпешта достигна рекордно ниво

Поплавите и натаму беснеат во повеќе европски држави. Ситуацијата е драматична во германските градови Дрезден и Витенберг, а реката Дунав во Будимпешта достигна рекордно ниво. Вчера лидерите на Германија, Чешка, Австрија и Словачка усвоија план за финансирање на работите околу санирањето на штетите од поплавите. Досега околу 100 луѓе загинаа, илјадници останаа без своите домови, а причинета е и огромна материјална штета.