САД: Постапка против АОЛ за погрешно прикажување на приходите

Акционерите на американскиот финансиски гигант АОЛ Тајм Ворнер покренаа судска процедура против оваа компанија поради погрешно прикажување на приходите. Во меѓувреме работењето на најголемиот американски интернет-провајдер АОЛ веќе подолго време е предмет на истрага на министерството за правда и комисијата за хартии од вредност.