Тирана: Обвинувањата за албански екстремизам ги влошува односите со Македонија

Министерството за надворешни работи на Албанија ги обвини македонските власти дека со тврдењата за наводно обновување на албанскиот екстремизам ги влошува односите меѓу двете земји. Во соопштениоте на албанското министерство се вели дека некои високи представници на македонската власт употребуваат националистичка реторика за време на изборната кампања што може да ги загрози билатералните односи.