Богота: Најмалку 14 загинати и 24 ранети во експлозија на бомба

Најмалку 14 лица загинале, а 24 се ранети , синоќа во Богота во експлозија на бомба во близина на председателската палата. До ова дојде неколку минути откако новиот председател на Колумбија Алваро Урибе ја презеде функцијата. Се претпоставува дека зад нападот стојат револуционерните вооружени сили на Колумбија .