Чешка: Еден загинат, две илјади евакуирани поради поплави

Во поплавите во Чешка едно лице загина, а 2 илјади луѓе се евакуирани. До излевањето на реката Влтава и нејзините притоки дојде поради силните дождови што ги зафатија деловите на Чешката Република, северна Австрија и јужна Баварија.