Приштина: КФОР уапси 18 лица на границата со Македонија

Во рамките на напорите за спречување на активностите на екстремистите на границата со македонија КФОР денеска уапси 18 лица. По операцијата спроведена во 12 косовски села уапсени се 13 вооружени екстремисти и уште 5 лица и одведени во кампот Бондстил.