Израел: Нови судири

Во рацијата на израелската Аремија во Наблус е убен шефот на бригадите на Ал-Акса Зиад Даас. Истовремено израелските сили во текот на ноќта влегоа во автономната палестинска област Бејт Лахија, во појасот Газа . Во акцијата е убиен еден палестински полицаец, а уапсени се тројца милитанти. До ова доаѓа и покрај обновата на палестинско-израелските преговори и предлогот за повлекување на Израел од автономните територии. Овој предлог денеска го разгледуваат палестинските власти.