Авганистан: 50 загинати во судири на најголемите етнички заедници

Најмалку 50 луѓе загинале во борбите на двете најголеми етнички заедници во западен Авганистан – Таџиките и Паштуните. Судирите на етничките групи по паѓањето на талибанскиот режим главно се случуваат поради незадоволството од поделбата на власта.