САД: Отфрлено барањето на талибанските заробеници за судење во САД

Американскиот федерален суд го отфрли барањето на талибанските затвореници што се држат во воената база на Куба да им биде судено во американските судови. Со оваа пресуда на армијата и е овозможено заробените талибанци и луѓето поврзани со Ал-Каеда да ги држи без временско ограничување и поднесување кривични пријави.