Ерусалим: Седум загинати и 80 повредени во бомбашки напад

Седум лица загинале, а околу 80 се повредени во денешниот бомбашки напад во Ерусалим. Одговорноста за нападот ја презеде военото крило на Хамас. Билансот на жртвите и повредените, меѓу кои 11 се во животна опасност, не е конечен. Есплозијата се случи во една кафетерија во универзитетскиот камп во Ерусалим.