Загреб: Изгласана доверба на новата влада

Хрватскиот Сабор синоќа и изгласа доверба на новата, втора по ред влада на премиерот Ивица Рачан. Новиот кабинет е сличен на претходниот, но во него нема припадници на хрватските социјал либерали на Дражен Будиша. Презентирајќи ја програмата на владата Рачан изјави дека приоритет ќе има јакнење на економијата, борба против невработеноста, јавниот долг како и реформи во судството и војската.