Куала Лумпур: Посета на Колин Пауел

Американскиот државен секретар Колин Паул , во рамките на неговата азијска турнеја, денеска разговара со раководството на Малезија. Таа земја е еден од главните азиски сојузници на Вашингтон во борбата против тероризмот. Се очекува дека ова ќе биде и главна тема на разговорите што Пауел ги води во Куала Лумпур.