Авганистан: Уапсените со експлозив поврзани со Ал-Каеда

Двете лица што беа уапсени во центарот на Кабул со половина тон експлозив во автомобил се поврзани со Ал-Каеда, соопшти денеска представник на авганистанската разузнавачка служба. Според истиот извор тие имале намера да постават бомба во возилото на авганистанскиот председател Карзаи или некој висок функционер во земјата.