Тајланд: Колин Пауел се заблагодари за поддшката во анти-терористичката кампања

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска во Банкок му изрази благодарност на Тајланд за поддршката во анти-терористичката кампања. Со тајландските лидери, Пауел разговараше и за заедничка акција против трговијата со дрога и луѓе. Во рамките на посетата на Југо-источна Азија, Пауел ќе ги посети и Малезија, Сингапур, Брунеи Индонезија и Филипините.