Индија: Посета на Колин Пауел

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска престојува во посета на Њу Делхи. Ова е негова трета посета на Индија во последниве 10 месеци посветена на спорот меѓу таа земја и Пакистан. По разговорите со индискиот државен врв Пауел заминува за Исламабад. Таму пак престојува европскиот представник Солана. Меѓународната Заедница врши притисок врз двете земји за да го надминат спорот околу Кашмир, што досега резултираше со две војни, а се заканува и со нов конфликт.