Блиски исток: Повеќе од две илјади загинати

Според податоците на израелската војска и палестинскиот Центар за статистика повеќе од две илјади лица се убиени од активирањето на последното палестинско востание наречено интифада. Во Израел повеќето од загинатите се цивили кои настрадаа во самоубиствени бомбашки напади. Палестинскиот центар пак соопшти дека меѓу жртвите се и 311 деца. Палестинците дигнаа востание на 28-ми септември двеилјадитата.