Виена: Чашуле потврди дека специјалците ќе бидат трансформирани

Македонскиот министер за надворешни работи Слободан Чашуле говорејќи пред Советот на Обсе во Виена го потврди ветувањето на премиерот Георгиевски дека, до крајот на годинава, специјалните полициски сили ќе бидат трансформирани во погранични единици. Шефот на македонската дипломатија ја пофали улогата на ОБСЕ и другите партнери од Меѓународната Заедница за помошта во набљудувањето на изборите на 15 септември. Според Чашуле тие ќе бидат големо финале на напорите за борба против тероризмот со политички средства.