Србија: Уапсени двајца Албанци во чии куќи е пронајдено оружје

Двајцата Албанци од село Доброшин од југот на Србија во чии куќи е пронајдено големо количество оружје се уапсени и предадени на истражен судија, изјави представник на службата за државна безбедност Жарко Бајчетиќ. Тој рече дека во акцијата што заедно ја спровеле специјалните полициски сили и Војската на Југославија во куќата на двајцата Албанци се пронајдени и запленети околу 300 дрвени сандаци со 50 илјади куршуми, повеќе од илјада мини за рачни и минофрлашки проектили, 40 бомби, митралези и еден рачен ракетен фрлач. Станува збор за најголемо количество оружје запленето во јужна Србија од прекинот на конфликтите.