ОН: Судот во Хаг треба да им суди само на обвинети за најтешки воени злосторства

Советот за безбедност на Обединетите Нации ја подржа иницијативата според која Судот во Хаг треба им им суди само на лицата обвинети за најтешки воени злосторства, а не на обичните извршители. Нив може да им биде судено во нациналните судови – препорача Советот. Со тоа хашкиот трибунал би можел да ја забрза својата работа и да ги заврши судењата за воени злосторства во поранешна Југославија и Руанда до истекот на неговиот мандат за шест години.