Москва: Изјава на ирачкиот амбасадор

Ирачкиот амбасадор во Москва Абас Калаф ги отфрли како неточни извештаите дека неговата земја купува руски противоздушни системи. Во интервју за рускиот весник Известија Калаф ги отфрли и тврдењата дека Ирак би можел да употреби нуклеарно, хемиско или биолошко оружје доколку биде нападнат.