Израел: Услов за повлекување на израелската војска

Израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перес денеска изјави дека армијата ќе се повлече од Хеброн и Витлеем доколку палестинските безбедносни сили се подготвени да ги преземат и да ги спречат отаму нападите против Израел. Хеброн и Витлеем се одбрани како помирни места за разлика од другите палестински градови чои израелската армија ги има окупирано. Новиот палестински министер за надворешни работи Абделиразек ал Јахија им го презентираше планот на изарелците за преземање на контролата по израелското повлекување.