Хаг: Лилиќ се појави на судењето на Милошевиќ

Поранешниот југословенски претседател Зоран Лилиќ денеска се појави на судењето против Слободан Милочевиќ во Хаг но одби да се сведочи барајки гаранции дека нема да му биде судено во Белград. Лилиќ пред Хашкиот трибунал објасни дека не може да сведочи се додека Врховниот Совет за одбрана на СРЈ не го ослободи од должноста за чување на државни и воени тајни. Судскиот совет заклучи дека ќе го разгледа приговорот на Лилиќ.