Израел: Шимон Перез задоволен од разговорите со Палестинците

Шефот на израелската дипломатија Шимон Перез изјави дека е задоволен од разговорите со палестинската делегација, иако ништо конкретно не е договорено и најави нови средби. Повторивме дека израелската војска планира да се повлече од палестинските територии доколку биде запрен тероризмот, рече Перез.